Португалија е почетната точка за најдолгото возење со воз во светот. Започнува во Порто, Португалија, а завршува во Хо Ши Мин, Виетнам. При ова патување на шини се поминуваат 17.000 километри, за вкупно 275 часа или 12 дена.
Патувањето започнува во Порто и цело време сте во воз или на железничка станица, освен во Париз каде треба да фатите метро на станицата Монпарнас кон станицата Париз Норт.
Целосната рута е следна:
Porto — Coimbra B (Португалија)
трае – 1h23
Coimbra B — Hendaye (Франција)
трае – 10h56
Hendaye — Paris Montparnasse (Франција) – делот кој треба да се помине со метро.
трае – 6h23
Paris Montparnasse — Paris Nord (Франција)
трае – 0h20
Paris Nord — Colоgne (Германија)
трае – 3h20
Cologne — Warsaw (Полска)
трае – 10h19
Warsaw — Moscow (Русија)
трае – 18h04
Moscow — Beijing (Кина)
трае – 136h29
Beijing — Hanói (Виетнам)
трае – 55h25
Hanói — Ho Chi Minh (Виетнам)
трае – 33h10
Ова искуство ќе ве чини околу 1600 долари.