Кој сака да патува со автобус, да посети 22 европски држави за 56 дена и притоа може да потроши поголем износ на пари – ова е идеално патување.
Ова најдолго патување со автобус го организира индиската компанија за експедиции Adventures Overland, која ги средува сите потребни документи за патниците, а секако на патувањето ќе има и водич на англиски јазик. Патувањето е предвидено за 30 патници.
На ова патување не се ноќева во автобусот, туку во 29 хотели, а за секој град кој ќе се посети – предвидени се по два дена за прошетка, посета на културно-историски споменици, дегустирање на локална храна и останати активности.
Патувањето започнува на 7 август 2023 година од Истанбул, Турција, кон Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Словачка, Чешка, Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Финска, Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Холандија, Белгија и завршува во Лондон, Англија. Вкупно се поминуваат 12.000 километри.
Цената на ова најдолго патување со автобус изнесува 24.300 долари по патник, а освен патувањето со автобусот, во цената спаѓаат сите ноќевања во хотелите со вклучен појадок, 30 ручеци и вечери.
Поопширно за ова патување може да прочитате ТУКА, а патувањето може да го уплатите овде: