Набрзо ќе започне изградба на најдолгиот подводен тунел кој ќе ги поврзе Данска и Германија. Предвидено е тунелот да биде готов во 2029 година, а за неговата изградба ќе бидат потрошени над 7 милијарди евра.
Ова е еден од најголемите инфраструктурни објекти во Европа, кој преку Данска ќе ги поврзе и останатите Скандинавски земји со другиот дел на Европа.
Градежните работи на страната на Данска ќе започнат на почетокот на 2021 година, а во Германија на средината на 2022 година. Тунелот ќе биде долг 18 километри и ќе содржи два пата со по две ленти и две електрични железнички пруги.
Тунелот именуван како “Fehmarnbelttunne“ ќе достигне длабочина и до 40 метри во Балтичкото море, а ќе ја замени траектната линија од Родби до Путгарден и ќе го забрза патувањето. Со траектот се потребни 45 минути, а по изградбата на тунелот – со автомобил ќе бидат потребни 10 минути, а со воз само 7 минути за да стигнете од едната во другата држава.
Интересно е како ќе се одвива изградбата на овој подводен тунел, може да погледнете во видеото: