Photos from Unsplash.com

“Патувајќи низ поранешна Југославија, често во себе си помислував каква земја беше и што имавме. Море, планини, природни убавини и историски бисери, некако се’ на едно место. Затоа, ова видео ќе послужи како мало потсетување, бидејќи во него сакам да ве однесам низ 10-те најубави места на поранешната земја. Иако беше доста тешко да се изберат само 10-те најубави места, решив да направам листа која некако ќе го вклучи најдоброто од секој аспект и ќе ја вклучи секоја од земјите.” – вели Роберт Дачешин за видеото кое го објави на својот Youtube канал.

Во видеото –  градови, остров, езеро, национални паркови:

“Она што би сакал да го слушнам е, според вас, кои се најубавите локации во поранешна Југославија и кои места може да се најдат во следното видео на слична тема?” – завршува Роберт.

Photos from Unsplash.com

Инаку, Роберт Дачешин e дигитален маркетар, меѓународен тениски судија и светски патник, кој досега има пропатувано над 60 земји во светот и има напишано три книги: “Прв туристички водич за Бања Лука”, патепис за Јужна Америка – “Писма од Јужна Америка” и “Водич за патување низ Босна и Херцеговина”.