Photo: Youtube video print screen

Едно од најневообичаените кафиња кои постојат, несомнено е кафето со облак од шеќерна волна или познато како Sweet Little Rain.

Ова невообичаено кафе со интересен изглед e специјалитет на кинеската кафе компанија “Mellower coffee”, а може да го пробате во некој од нивните кафе барови кои ги има во повеќе градови во Кина, потоа во Сингапур, Виетнам, Јужна Кореја, Абу Даби, Малезија.

Ова кафе се приготвува со кафе Американо над кое на метален постамент и жица се прикачува облакот кој всушност е шеќерна волна, која сите ја имаме јадено во младоста. 🙂

Облакот над филџанот со кафе не опстојува многу долго, бидејќи кафето се служи топло и пареата брзо ја топи шеќерната волна, па создава “шеќерен дожд” во кафето.

Како изгледа приготвувањето на Sweet Little Rain кафето погледнете во видеото:

Цената на ова кафе се движи околу 8-9 долари, а доживувањето е незаборавно. 🙂