Photo: Tapio Haaja/Unsplash

Четврта година по ред нема промена на врвот на листата на најсреќни држави во светот.

Според Светскиот индекс на среќа, кој се составува под покровителство на Обединетите нации, се изработува The World Happiness Report кој опфаќа 150 држави. За изработка на извештајот во предвид се земаат овие параметри: бруто домашен производ, животен век, слободи и корупција, а оваа година е вклучено и како државите се справуваат со пандемијата од Covid-19.

На врвот на листата на најсреќни држави во светот се наоѓа Финска, со забелешка дека Финците секогаш настојуваат да ја усогласат својата политика со општата благосостојба.

Photo: Tom Brunberg/Unsplash

Во топ 5 листата нема значајни промени од претходните години, каде се наоѓаат и европските држави: Исланд, Данска, Швајцарија и Холандија.

Топ 20 листата на најсреќни држави во светот изгледа вака:

1. Финска
2. Исланд
3. Данска
4. Швајцарија
5. Холандија
6. Шведска
7. Германија
8. Норвешка
9. Нов Зеланд
10. Австрија
11. Израел
12. Австралија
13. Ирска
14. САД
15. Канада
16. Чешка
17. Белгија
18. Велика Британија
19. Кина
20. Франција
На оваа листа Македонија се наоѓа на 94-то место.