Авиокомпанијата WIZZ Air се подготвува за летната сезона, па иако авионите моментално се приземјени заради пандемијата од Covid-19, најави почеток на нови рути на летање од Виена и Лондон.

Во Јули ќе започнат со летање од Виена кон неколку туристички места во Грција: островите Закинтос, Крит и Родос, до Бугарија во Бургас, до Белгија во Брисел како и до Романија во Констанца и до Естонија во Талин. Во Октомври ќе се отвори и линијата на Wizz од Виена до Маракеш во Мароко.

Исто така, ова лето започнуваат и со нови авионски линии од Лондон – Лутон до Грција: до Закинтос, Крит, Родос и Корфу, како и до Португалија во Фаро, а до Мароко во Маракеш ќе започнат со летови исто како и од Виена – во Октомри 2020.

Wizz Air се и првата ниско буџетна авиокомпанија која ќе започне со летови од Абу Даби. Во Јуни започнуваат со летање кон главниот град на Обединетите Арапски Емирати од Будимпешта (Унгарија) и Букурешт (Романија), а во Септември од Катовице (Полска) и Софија (Бугарија).

Се надеваме дека наскоро овие и некои други интересни дестинации ќе може да ги посетиме со WIZZ од Скопје или Охрид.

 

Новите правила кои ќе треба да ги почитуваат патниците при летање со оваа компанија, може да ги прочитате на следниот линк:

WIZZ објави почеток на летови и нови правила за патниците