Photos from Unsplash.com

При секое планирање на посета на одредена држава, потребно е да се информирате и за нејзината моментална ситуација, за да избегнете многу несакани, непријатни и стресни ситуации.

Во најновата “Мапа на ризик за патување” составена од страна на безбедносни и медицински специјалисти од компанијата за проценка на ризик International SOS, индексот на ризик помеѓу останатите фактори, ги зема во предвид и безбедносните нивоа на државите врз основа на закана за политичко насилство (тероризам, бунт, политички мотивирани немири и војна), социјални немири (етничко и секташко насилство) и насилен и ситен криминал.

Photo: International SOS

Според мапата најопасни држави за посета во 2023 година – држави со најекстремен ризик се: Авганистан, Мали, Сирија, Ирак, Сомалија и Украина.

Во категорија за медицински ризик, најопасни држави се: Нигерија, Либија, Северна Кореја и Хаити.

Држави пак со низок ризик се: САД, Канада, Кина, Австралија и речиси цела Европа,
a скоро па со никаков ризик за посета се скандинавските држави.

На оваа листа, нашата и околните држави се класифицирани како држави со низок ризик, а целата мапа може да ја погледнете на линкот: https://www.travelriskmap.com/?mibextid=Zxz2cZ#/planner/map/security