Каде да патувате оваа година, а да не потрошите цело богатство? При одлучување за посета на некоја дестинација влијаат повеќе фактори: место кое навистина сакаме да го посетиме, временски услови, безбедност, сместување, како и потребни финансиси средства.
Познатиот магазин за патувања Conde Nast Traveler направи листа на држави кои нема многу да го оптеретат вашиот буџет, но кои сепак се вредни за посета.
На листата се наоѓа Македонија, опишана како земја која нема излез на море, но има море во нејзина близина и многу низок степен на криминал и каде мора да го посетите шармантниот град Охрид.”Има калдрмани улици и несекојдневни цркви кои се очекуваат од еден европски град, со дополнителна предност што се наоѓа веднаш на брегот на неверојатно убавото и биодиверзитетско Охридско Езеро.”
Од нашето најблиско опкружување на листата се и Србија и Албанија.
Србија: “Белград се истакнува како еден од највозбудливите културни епицентри во Европа, но значително е поевтин од Париз или Берлин (барем за сега). Релативно лесно може да се најде хотел под 100 долари, иако сместувањето не е толку важно доколку поминете ноќ танцувајќи во клубовите низ градот.”
Албанија: “Албанија е многу поевтина од другите европски земји и е под радарот како туристичка дестинација, што значи дека се’ уште може поволно да се посети, пред да се прочуе за неа и да настане поголем метеж.”
Листа на 21 евтини држави за посета во 2024 година:
1. Унгарија
2. Јужна Кореја
3. Мексико
4. Монголија
5. Виетнам
6. Бразил
7. Јужна Африка
8. Шри Ланка
9. Костарика
10. Филипини
11. Мадагаскар
12. Египет
13. Малезија
14. Индија
15. Србија
16. Македонија
17. Непал
18. Гамбија
19. Индонезија
20. Албанија
21. Узбекистан
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.