Патувањата не можат да поминат без купен сувенир од местото кое сме го посетиле, како и без стотици фотографии, собрани школки, полжавчиња, камчиња од плажа, песок од пустина, разгледници, зачувани влезници од музеи, авионски карти и многу други ситници кои ни се драг спомен за дестинацијата и ни служат да не’ потсетат и со мислите да не’ вратат во времето кога сме биле таму.
Освен магнетите кои го украсуваат и развеселуваат фрижидерот во домот, останатите сувенири немаат точно определено место, па се случува да ги префламе од едно на друго место, додека не ни здосадат, за на крај да завршат во некој плакар затрупани и заборавени меѓу други предмети.
Затоа ви предлагаме неколку креативни идеи како да ги зачувате спомените од патувањата, за да траат што подолго: