Photo: Luis Villasmil/Unsplash

Како што беше најавувано од претходно, веќе станува и реално – за патување со авион ќе треба да се поседува Ковид пасош (IATA Travel Pass).

Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќајIATA информираше дека Ковид пасошот ќе започне да се користи од Март оваа година. Се очекува први да започнат да го користат големите авиокомпании. Пасошот ќе биде мобилна апликација и ќе содржи потврда за патникот за тестови и за вакцина за Covid-19. Апликацијата ќе биде достапна за Андроид и за IOS оперативен систем и претставува посигурна варијанта од документ на хартија. Моментално, забрзано се работи на финализирање на оваа апликација, која ќе биде бесплатна за симнување и користење.

Со апликацијата IATA има за цел да им обезбеди на државите поголема сигурност и доверба во отварање на своите граници, без задолжителен карантин за патниците кои влегуваат во нив. Исто така, оваа апликација ќе ја забрза работата на аеродромските работници, бидејќи патниците ќе доаѓаат на аеродром со готова и проверена документација.