Дали знаете дека – ако историјата на целиот Универзум се компресира во една календарска година (во 365 дена), луѓето би се појавиле во 23 часот и 59 минути на 31-ви Декември, а диносаурусите би исчезнале од Земјата на 30-ти Декември.
Всушност, историјата на планетата Земја е само едно трепнување на окото во историјата на постоењето на Универзумот.
Ние луѓето сме резултат на 3,8 милијарди години еволутивен успех. Така и треба да се однесуваме!