Џет лег се јавува како последица од менување на временски зони при летање со авион, најчесто на интерконтинентални летови и се опишува како десинхронизација на човековото тело, со чувство на силен умор, главоболка, нервоза, деконцентрација.
Симптомите за џет лег се повеќе изразени кога летаме на исток, бидејќи организмот полесно се прилагодува со продолжување на денот , отколу со губење на неколку часа од денот, што се случува кога летаме на исток.
Неколку совети како да ги намалите последиците од џет лег:
- Конзумирајте голема количина на вода во текот на летот.
- Не пијте алкохол, алкохолот го отежнува привикнувањето на организмот.
- Кога ќе пристигнете на вашата дестинација, ако е ден- пробајте да не заспиете во текот на денот, издржете до ноќта, така наједноставно ќе се привикнете на новата временска зона. Ова најлесно се совладува ако успеете да спиете во авионот, во текот на летот.
- Првите неколку дена по пристигнување на дестинацијата избегнувајте голем физички и психички напор.
- Најголем дел од времето трудете се да го минувате на отворено, надвор од соба.
- Ако пиете лекарства во точно определено време, пред патувањето посоветувајте се со вашиот лекар за времето на нивно конзумирање.
И не заборавајте – часовникот да си го навиете според временската зона на дестинацијата. Тоа е најдобро да го направите уште на почеток на летот, кога ќе се сместите во авионот, бидејќи ќе ви делува психички – да се префрлите на новиот дневен ритам.