Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk
Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Најлуксузни јахти, најлуксузни светски брендови на облека, накит, часовници и мебел, светски популарни ресторани, фенси барови и ноќни клубови е описот за една од 10-те најдобри марини во светот – марината Јаликавак (Yalıkavak Marina) во Турција.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Закитена со многу награди, од која најнова и можеби најзначајна e наградата “Најдобра марина во светот за суперјахти за 2022 година”, како и рангирана во топ 10 марини во светот, мотото на оваа марина е ” Тука се’ e подредено на тебе.” (It’s all about you).

Во Јаликавак марината се’ е подредено за максимално уживање во животен стил од висока класа, каде безбедноста е на завидно ниво – во марината се влегува на контролиран влез со скенирање на телото и багажот, а директен пристап до патеката за паркирани јахти имаат само сопствениците и гостите на јахтите, додека пак потребни намирници за секојдневна употреба директно до јахтата може да ви достави маркетот кој е во склоп на марината.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk
Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Пристаништето содржи 620 места за паркирање на јахти со должина до 140 метри, а секоја година овде се закотвуваат најпознатите светски јахти, како: Eclipse, Galactica Super Nova, Voice, Arrow, Chakra и многу други.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk
Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Шеталиштето во Јаликавак е епицентар на луксузниот шопинг во Турција, каде се присутни сите најпознати светски брендови, па така една до друга се наредени продавници на: Dior, Louis Vuitton, Prada, Valentino, Chanel, Dolce&Gabbana, Gucci Bvlgari, Chopard, Audemars Piguet, Hublot, Balmain, Loro Piana, Moncler, Missoni, Rolex, Beymen. Секако, не недостасуваат и најскапите брендови на автомобили, па така во деновите на мојата посета на оваа марина, се промовираше новиот модел на Rolls Royce Ghost.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk
Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Луксузниот туризам и третман продолжува со популарни ресторани со гурманска храна, барови и ноќни клубови како: Nusr-et (сопственост на турскиот готвач со светска слава познат и како Salt Bae заради начинот на кој го посолува месото кое го служи), Novikov, Birds, Zuma и Bagatelle. За да не чекате ред за влез, кој некогаш може да биде со часови, препорачливо е да направите online резервација за овие места.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk
Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Преку ден марината е помирна, со помалку раздвиженост и посетители, а во попладневните и вечерните часови е тешко да се најде слободно место во било кој од локалите. И да не сте сместени во некоја од закотвените јахти или во хотелите, во Јаликавак марината има доволно содржини за да поминете еден цел ден таму или барем едно попладне, меѓу другото да уживате и во совршено зајдисонце. Тука дури и природата се потрудила да биде совршена.

Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk
Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Во склоп на Јаликавак марината се: марина, трговски центар, Yalıkavak Marina Beach хотел и Yalıkavak Marina Boutique хотел, како и спа и фитнес центар, кои работат во текот на целата година, а за гостите се грижат над 1000 вработени. Тука годишно доаѓаат повеќе од 2 милиони гости, од 120 држави во светот.

Јаликавак Марина го поддржува УНИЦЕФ во Турција преку програмата “Платинести крилја на УНИЦЕФ”, помагајќи им на најзагрозените деца да ги стекнат своите основни права.

И навистина, мотото “It’s all about you” е перфектно погодено.

Автор на текст, фотографии и видео: А. Петровска

©patokolusvetot.mk  Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон