Читателите на познатото списание Conde Nast Traveler ги одбраа најубавите острови во светот. За најубав и најдобар остров во Европа е избран хрватскиот остров Хвар, а на светската листа е 6-ти најдобар остров во светот, со оценка 96,56 од вкупно 100.
Списанието истакнува дека Хвар е најсончевиот остров во Хрватска, кој е одлична дестинација за посета во текот на целата година, со топли лета и благи зими, со богато историско наследство како тврдината Фортика и одгледувањето на лаванда чиј јак мирис се шири низ целиот остров.
Топ листа на 10 најубави острови во Европа според Conde Nast Travel:
1. Хвар , Хрватска (96,56)
2. Миконос, Грција (95,46)
3. Закинтос, Грција (95.19)
4. Мадеира, Португалија (94.38)
5. Искија, Италија (94.19)
6. Хидра, Грција (94.07)
7. Родос, Грција (93.87)
8. Парос, Грција (93.34)
9. Крит, Грција (93.17)
10. Мајорка, Шпанија (93.01)
Целата листа може да ја погледнете ОВДЕ.
Во продолжение неколку фотографии од Хвар кој навистина го заслужува првото место на оваа листа и ако не сте го посетиле до сега – ставете го на вашата листа на наредни дестинации за посета.