Кој не би посакал да престојува во хотел од соништата со лебдечки кревети над вода и поглед на море, приватни базени со сепариња за релаксирање во нив, необични скулптури, многу мозаици, палми, бар со камен шанк и убаво уредена плажа?!
Хотелот Calilo се наоѓа на островот Иос во Грција, место со уникатна архитектура, каде ќе се почувствувате како да сте во Рајот.
Овој луксузен хотел е сопственост на семејство кое поседува и поголем дел од земјиштето на Иос и се грижи да не бидат уништени природните убавини на островот.
Одржливоста и еколошкиот пристап се во фокусот на Calilo, хотелот е изграден од локален камен, а во него се служи домашно одгледана храна од нивната органска градина и не се користи пластика за една употреба.
Едно ноќевања во овој несекојдневен хотел чини од 40.000 денари па нагоре, во зависност од сезоната и видот на хотелската соба.