Photo: Reuters

Ако сакате своето утринско кафе да го испиете во златна чаша, а потоа да нурнете во  “бесконечен” златен базен, тогаш новоотворениот хотел во Виетнам е местото за вас.

Хотелот “Dolce Hanoi Golden Lake” е конечно отворен, за чија изградба биле потребни 11 години и се смета за прв светски хотел позлатен со 24 каратно злато. Неговата изградба чинела 200 милиони долари, при што е употребено повеќе од 1 тон злато.

Овој хотел има позлатен екстериер и ентериер, како: златни холови, златен тоалет со када, златен базен… а, во него ќе влезете поминувајќи низ голема, златна, влезна порта, каде ќе ве пречека портир во златно лоби.

Хотелот се наоѓа на езерото Гианг Во, во центарот на главниот град на Виетнам – Ханои, а на 25 ката содржи 400 златни соби.

За да уживате во овој луксузен хотел, цената за една ноќ е 250 долари. Од управата на хотелот објаснуваат дека целта им е да привлечат различна класа на луѓе – од средна класа до супер богати гости.

А, првите гости кои го посетиле се воодушевени:

„Кога дојдов овде … Се чувствував како крал, знаете, фараонот … кралот на Египет”, се пошегувал Филип Парк, гостин од Јужна Кореја.

„Навистина уживав во луксузната атмосфера“, изјавил Луонг Ван Туан од Виетнам, велејќи дека почувствувал како неговиот статус автоматски бил „подигнат“.

Погледнете како изгледа хотелот: