Македонија е најдобро чувана тајна на Балканот – така започнува раскажувањето за посетата на нашата држава на Eva zu Back за Euronews. Eва вели дека Македонија е префектна комбинација на прекрасни пејзажи од кои ви се одзема здивот и стари градови како Охрид.
Токму Охрид е градот за кој Euronews има објавено видеа со патешествија на Ева – првото видео е посветено на фамилијарни работилници за рачна изработка на накит од бакар и бисери, каде што по нивната посета заклучува дека е “прекрасно да запознаеш луѓе кои со голема страст ја работат својата работа и ги продолжуваат старите фамилијарни традиции”:
На второто видео Ева станува “вистинска рибарка” на Охридското езеро со помош на локален рибар, а потоа уловените риби ги готви во ресторан во Радожда. Ева раскажува дека заради климатските промени, езерото и риболовот не се исти како пред 10-15 години, а промените не престануваат, и затоа е важно да се посети Охрид и да се поддржат/посетат локалните ресторани каде се ужива во вкусна, природна и свежа храна:
Се сложуваме со Ева дека Охрид е неверојатно место со култура и традиција на тони и прекрасни луѓе и се надеваме дека набрзо повторно ќе го посети.