Живееме во трусто подрачје, земјотресите ни се речиси секојдневие, па затоа Македонија заедно со: Албанија, Холандија, Грција и Црна Гора спаѓа во најризичните земји од природни катастрофи во Европа.
Според WorldRiskIndex кој ја анализира можноста за појава на природни катастрофи во 181 земја во светот, во истражување кое вклучува анализа на опасности од: земјотреси, урагани, ерупција на вулкан, поплави, суши и подигнување на нивото на морето, земја која има најмали шанси да се случи природна катастрофа е Катар, со вредност на индекс 0,3.
WorldRiskIndex освен шансите за појава на природни катастрофи, ја анализира и потенцијалната ранливост на жителите и нивната способност да се прилагодат на новите настани како последица на климатските промени.
По Катар, на листата на најбезбедни земји во светот од природни катастрофи се: Малта (вредност на индекс 0,69), Сент Винсент и Гренадини (вредност на индекс 0,7), Саудиска Арабија ( 0,94) и Гренада (1,06).
Во Европа најбезбедни земји од природни катастрофи се: Малта, Исланд, Финска, Естонија и Швајцарија.