Додека Скопје со години се мачи да воспостави велосипедска култура, многу градови во светот веќе одамна имаат изградено одлична инфраструктура за велосипеди.

Од страна на Copenhagenize Index направена е листа со рангирање на 115 градови во светот, според 14 параметри за највелосипедски град, фокусирани на амбицијата, културата и дизајнот на улиците соодветен за велосипеди.

За врвот секогаш се борат данските и холандските градови, а оваа 2019 година првото место му припадна на Копенхаген, Данска.

Копенхаген е на врвот на највелосипедски град во светот бидејќи 62% од патувањата на жителите на градот до работа и училиште се со велосипед, а дневно овие жители поминуваат вкупно 1.430 400 км. Повеќе од 45 долари по глава на жител изнесуваат инвестициите за велосипедска инфраструктура. Четири велосипедски мостови се изградени или во тек е нивната изградба. Завршени се околу 168 км нови регионални патишта со велосипедски ленти. А, според резултатите постигнати на последните локални избори во 2018 , партиите кои се залагаат за про-автомобилска платформа немаат никаква шанса за победа, со што се добива целосната слика за желбата на жителите за понатамошниот развој на градот во корист на велосипедите.

На второ место е Амстердам, а на третото Утрехт, оставајќи ја Холандија во борба за највелосипедска земја во светот. Четвртото место му припаѓа на Антверпен, Белгија. Стразбург е Францускиот град со најдобра велосипедска инфраструктура и се наоѓа на петтото место на ова рангирање, додека Бордо е на шестото место.  Главниот град на Норвешка – Осло е на седмо место, со што ја побива практиката дека велосипеди не е згодно да се возат во ридски и снежни градови. Осмото место е за Париз, деветото за Виена, а десетото за Хелсинки, со напомена дека сите овие градови работат на доусовршување, доразвивање на нибната велосипедската инфаструктура.

 

*Препорака : Ако сакате да го доживеете Скопје од велосипедска перспектива, да ги пробате новите велосипедски патеки, а сеуште немате велосипед , можете да изнајмите: https://rentabikeskopje.business.site/