На патување сте со куфер или ранец, го напуштивте сместувањето, имате цел ден пред вас и немате каде да го оставите багажот до заминување, за слободно да шетате низ градот? Тоа веќе не е проблем со Radical Storage.
Radical Storage е апликација за привремено чување багаж, наменета за патници кои сакаат да го остават куферот или ранецот на безбедно место додека го разгледуваат градот, чекаат лет или се наоѓаат помеѓу две сместувања. Наместо класични шкафчиња, компанијата соработува со локални бизниси како: хотели, кафулиња, ресторани и продавници, кои служат како места за оставање на багаж.
Како функционира?
– По инсталирање на апликацијата, ја внесуваш локацијата каде што ти треба оставање на багаж.
– Од понудените опции го избираш најблиското место.
– Резервираш и плаќаш онлајн.
– На локацијата го покажуваш QR-кодот или потврдата за резервација.
– Го оставаш багажот и можеш слободно да го разгледуваш градот.
– Подоцна се враќаш со истата потврда и си го земаш багажот.
Главни предности
– Достапна е во повеќе од 60 држави и илјадници градови.
– Има над 10.000 партнерски локации.
– Секој оставен багаж е покриен со гаранција до околу 3.000 € според условите на услугата.
Колку чини?
Во повеќето градови се наплаќа фиксна цена по торба за ден, наместо по час. Цената зависи од земјата и локацијата, но e однапред прикажана, пред да ја потврдиш резервацијата.
Останати корисни сајтови и апликации при патување:
Корисни сајтови и апликации за полесно организирање и снаоѓање на патување






