Photo: Youtube video screenshot

Со 18 палуби, највисок тобоган на брод, зиплајн преку 10 палуби, огромен базен со филмско платно, градина со над 20.000 растенија, најголемиот брод за крстарења “Wonder of the Seas” на компанијата “Royal Caribbean” започна со пловење на 4 март 2022 година.

Овој брод за 4% ја надмина големината на бродот кој досега го држеше рекордот за најголем крузер на светот, “Symphony of the Seas”, исто така сопственост на компанијата “Royal Caribbean”.

Со должина од 362,1 метри, ширина од 65 метри, “Wonder of the Seas” може да прими 6.988 гости и 2.300 членови на екипажот. Бродот е како еден мал, но спектакуларен град на вода со сите неопходни содржини за функционирање, но и релаксирање, забава и уживање во првокласна услуга.

Бродот започна со крстарења од Флорида до Кариби, а од мај 2022 година ќе дојде во Европа каде што ќе крстари од Барселона и од Рим, се’ до ноември 2022 кога повторно ќе се врати на тури за крстарења од Флорида.

За крстарењата во Европа, бродот наизменично ќе се менува помеѓу две медитерански пристаништа, нудејќи патувања од Барселона и од Рим. На овие 7-дневни пловидби по Западен Медитеран ќе се посетат Палма де Мајорка, Марсеј, Ла Специја и Неапол, со еден ден на море.

Цените за крстарењa од Барселона за 7 ноќевања започнуваат од 870 долари по човек, плус 105 долари за такси и пристанишни трошоци.

Распоредот на крстарењата на “Wonder of the Seas” може да го погледнете ТУКА.