Ако ви треба вистински одмор, да избегате од градскиот метеж и од напорното секојдневие, да одморите од телевизија, телефон и Интернет, тогаш разгледајте ја оваа понуда.
Можете да изнајмите цел приватен остров со само една куќа на него, за само 48 евра (40 фунти) од ноќ по лице. Островот Лихоу (Lihou) е мал остров кој се наоѓа веднаш до западниот брег на островот Гернзи, во Ла Манш, помеѓу Велика Британија и Франција.

Ќе уживате во мир и тишина, бидејќи нема соседи, вие ќе бидете единствените жители на овој остров, а ако сакате да истражувате – островот е дом на древни урнатини, на природен базен Венера кој се формира при плима и на многу видови птици.
Во еден термин може да престојуваат минимум 10 луѓе, а куќата има капацитет за спиење од 30 лица, во 9 спални соби. За училишни групи цената за престој е 20 фунти по лице.

Куќата е самоодржлива, генерира сопствена вода за пиење и електрична енергија преку соларен систем, нема телевизор, ниту Интернет сигнал, а исто така слаб е и сигналот на телефонската мрежа.

До островот Лихоу може да стигнете со ферибот само при ниска плима.
Може да резервирате престој на овој линк: