Photos from Unsplash.com

Ако досега не сте го посетиле, тогаш испланирајте и оваа година посетете го најпосетуваниот град во светот за 2023 година.

Турскиот градот кој се протега на два континети – Истанбул е град со најмногу меѓународни посетители во 2023 година. Градот забележал неверојатни 20,2 милиони посетители во 2023 година, што претставува раст од 26% од 2022 до 2023 година, според извештајот на компанијата за истражување на пазарот Euromonitor International.

Photo: Desert morrocco adventure from Unsplash.com

Истанбул е дом на импресивни историски градби како што се: Аја Софија, Сината џамија, палатата Топкапи, Капали чаршија и уште многу други, а секако не смее да се пропушти и пловењето по Босфор. Историскиот центар на Истанбул е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Photo: Ibrahim Uzun from Unsplash.com

Најдобар период за посета на Истанбул е во пролет и есен, во месеците: април, мај и септември.

До Истанбул може да стигнете со директен авионски лет од Интернационалниот аеродром Скопје – секојдневна редовна линија, како и со автобуски тури кои ги организираат дел од нашите туристички агенции.

Photo: Lewis J Goetz from Unsplash.com

Топ 10 листа на градови со најголем број на меѓународни патници за 2023 година:

1. Истанбул, Турција

2. Лондон, Велика Британија

3. Дубаи, ОАЕ

4. Анталија, Турција

5. Париз, Франција

6. Хонг Конг, Кина

7. Бангкок, Тајланд

8. Њујорк, САД

9. Канкун, Мексико

10. Мека, Саудиска Арабија

Уште 10 прекрасни места кои треба да ги посетите во Турција:

Турција – 10 прекрасни места што треба да ги посетите