Со почеток на оваа година во Истанбул започна да се наплаќа влез за една од најголемите туристички атракции – Аја Софија. Влезот во Аја Софија беше бесплатен откако во јули 2020 година Врховниот суд во Турција ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година Света Софија во Истанбул да се претвори во музеј, со што таа повторно е џамија.
Од 15 јануари 2024 година странците плаќаат влез во Аја Софија, a за турските граѓани кои доаѓаат во џамијата за да ги исполнат своите верски потреби, влезот останува бесплатен. Туристите ќе влегуваат од еден влез, а Турците кои доаѓаат да се поклонат ќе влегуваат преку друг влез.
Цената на влезница во Аја Софија сега изнесува 25 евра.
Црквата Света Софија била најголем храм во светот околу илјада години, но подоцна била претворена во главна џамија на Отоманската Империја, за во 1934 година постане музеј, па од 2020 година повторно џамија.