На крајот од оваа 2019 година може да се прогласи и моментално најмоќниот пасош на светот , а според аналзите од страна на Henley Passport Index, направени за пасошите на сите земји , оваа година првото место го делат Сингапур и Јапонија. Поседувањето на еден од овие два пасоша ви овозможува патување без виза во 190 земји, а по нив во 188 земји без виза може да патувате со пасош на Јужна Кореја, Финска и Германија.
Третото место го делат Данска, Италија и Луксембург , со влез без виза во 187 земји во светот, додека Франција, Шпанија и Шведска се на четврто место со посета на 186 земји без виза.
Македонскиот пасош е на 46 место на оваа ранг листа, а со него може да патувате без виза во 123 земји во светот.
Од регионот – со бугарски пасош може да се патува во 168, со хрватски во 167, со српски во 131, со црногорски во 122, со пасош на Босна и Херцеговина во 116, со албански во 113 земји, а со турски во 110 земји.
Најдоле на листата се наоѓа пасошот на Авганистан со можност за патување без виза во само 25 земји во светот, а пред него се Ирак (со 27 земји), Сирија (со 29 земји), Сомалија и Пакистан (со 31 земја), Јемен (33), Либија, Палестина и Судан (37), Непал (38), па Либан и Северна Кореја (39 земји).
Најмоќни пасоши во 2019:
- Сингапур, Јапонија (190 земји)
- Финска, Германија, Јужна Кореја (188)
- Данска, Италија, Луксембург (187)
- Франција, Шпанија, Шведска (186)
- Австрија, Холандија, Португалија (185)
- Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка, Велика Британија, САД, Швајцарија (184)
- Малта, Чешка (183)
- Нов Зеланд (182)
- Австралија, Литванија, Словачка (181)
- Унгарија, Исланд, Латвија, Словенија (180)