Туристичките агенции веќе во полн ек нудат летни аранжмани со различен вид на услуга, па ако се мислите дали ова лето треба да одите на all inclusive одмор или не, ова се предностите на овој вид на хотелски аранжман:
1. Во одредени случаи повеќе си исплати да сте на all inclusive, како на пример во: Турција, Грција, Кипар. Во ресторани во овие држави би платиле многу повеќе, отколку да се храните и да пиете во неограничени количини во хотелот на all inclusive опција.
2. Можете да јадете и пиете во неограничени количини – појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужинки, време за чај и кафе, време за слатки, полноќна супа и сендвичи…се’ тоа во неограничени количини спаѓа во хотели со all inclusive и ultra all inclusive аранжмани. Исто така, хотелите со 4 и 5 ѕвезди имаат по неколку ресторани со различна кујна (италијанска, мексичка, кинеска и сл.), каде може да резервирате ручек или вечера и да уживате во специјалитетите.
3. Базени, плажа, спа услуги, фитнес центар, анимација за деца – најчесто сите овие услуги се бесплатни за користење (или со попусти за гостите на хотелот – за спа). Исто така, бесплатни се за користење пешкири и лежалки на базенот и плажата на хотелот. Некои од хотелите имаат и водени паркови, што е опција плус за фамилии со деца.
4. Одмор без стрес – Ова е одмор во вистинска смисла на зборот, бидејќи не треба да се оптоварувате со тоа што и каде ќе јадете, дали во непосредна близна на хотелот има ресторани и маркети, колку ќе потрошите и колку време ќе изгубите за да најдете добар ресторан во местото каде што сте сместени. Наместо тоа, опуштено ќе уживате во безброј опции за храна и пијалоци, и покрај базен и на плажа.
5. За искуство – Секој турист барем еднаш во животот треба да отиде на all inclusive третман.
Но, имајте во предвид дека all inclusive услугите се разликуваат од хотел до хотел, како и од дестинација до дестинација. Исто така, има разлика од all inclusive и ultra all inclusive, па пред да уплатите аранжман, информирајте се што точно нуди одбраниот хотел.