Новата 2023 година е на праг и веќе има датум на почеток на летови на три нови авионски линии од скопскиот и охридскиот аеродром, информира EX-YU Aviation.
Од 31 мај 2023 година, TUI започнува со лет Манчестер – Охрид, кој ќе се одвива еднаш неделно, со Boeing 737-800.
Исто така, од 31 мај 2023 година, TUI започнува со лет Лондон (Gatwick) – Охрид, кој ќе се одвива еднаш неделно, со Boeing 737-800.
Од 23 јуни 2023 година, Norwegian започнува со лет Осло – Скопје, кој ќе се одвива двапати неделно, со Boeing 737-800.
Авионски карти за овие летови веќе може да купите на веб страниците на овие две авиокомпании.