Најголемата вила над вода на Малдиви може да прими 12 гости на вкупна површина од 1.726 м2, а неа може да ја резервирате за минимум 4 ноќевања.
Оваа вила над вода од соништата се наоѓа на приватен остров во ресортот The St.Regis Maldives Vommuli и ги содржи сите удобности кои се потребни за совршен одмор. Вилата е поделена на 3 крила, сместувањето е во 3 спални соби со спа апартмани и дел за персоналот кој се грижи за гостите во вилата, со 3 базени од кои најголемиот е “infinity” базен со површина од 92м2, со простор за седење над вода, дневна кујна и трпезарија со комплетно опремена кујна и личен готвач, домашно кино со Bose озвучување и теретана, а во овој луксузен пакет спаѓа и користење на приватна песочна плажа, јахта, дегустација на шампањ и кавијар и сите останати услуги кои ги нуди ресортот.
Погледнете како изгледа вилата:
Во оваа најголема луксузна вила над вода може да се сместите со ултра луксузен пакет кој чини 25.000 долари од ноќ, а во цената спаѓа и VIP повратен трансфер од аеродромот до ресортот со хидроавион.