По повеќе години откако Дадо Топиќ ја испеа легендарната “Македонија”, уште еден Хрват испеа песна за нашата држава. Овој пат станува збор за хрватскиот музичар Мики Солус, кој пред неколку дена објави песна за Македонија со наслов “U makedonskom restoranu” (“Во македонски ресторан“).
Во песната на комичен начин, кој е карактеристичен за Солус, се прикажува атмосферата во нашите кафани, а спомнати се скоро сите македонски личности кои се познати во регионот и низ светот. Па така се спомнуваат: Александар Македонски, Тоше Проески, Горан Пандев, Кирил и Методиј, Кирил Џајковски, Есма, Калиопи, Влатко Стефановски…
Песната е забавна и ќе ви изнуди насмевка:
Инаку, оваа песна е дел од најновиот албум на Солус со наслов “Najbolji su pjevaci bez sluha” (“Најдобрите пејачи се без слух”), кој е издаден во септември, а содржи 11 песни. “Ова не е албум за луѓе кои ги следат трендовите, кои сакаат кога уметниците звучат „светско, a наше”, вели Мики Солус кој е добитник на Порин награда за најдобар алтернативен и клубски албум.