За унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air, Балканот е една од нивните успешни приказни, па задоволни од овој пазар, тие гледаат на нови можности со проширување на својата флота и авионските линии во балканските земји.
Магазинот Ex-Yu aviation известува дека извршниот директор на Wizz Air, Јожеф Варади деновиве е на турнеја низ поранешните југословенски републики со цел да идентификува нови можности за раст во овој регион.
Wizz Air неодамна го базираше својот петти авион на скопскиот аеродром, враќајќи ја својата флота во градот на ниво пред пандемијата. Авиопревозникот се подготвува да учествува на тендер на македонската влада за субвенционирање на пуштање нови авиолинии, а веќе ги има добиено тендерите во сите три претходни прилики.
Тендерските постапки најверојатно ќе започнат летово, а Wizz Air разгледува опции за летови од Скопје до Словенија (Марибор), до дестинација на хрватското крајбрежје, до Прага, како и обновување на некои линии кои претходно ги прекина авиопревозникот од македонскиот главен град. Се очекува воведување на нови линии и од Охрид.
Поопширно може да прочитате ТУКА.