Photo: Markus Winkler/Unsplash

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air која сообраќа од скопскиот аеродром објави дека во продажба има пуштено 50.000 авионски карти за цена од само 1,99 евра. Понудата важи само денеска (14.12.2021).

Цената се однесува на селектирани летови и авионската карта треба да се искористи до 28 Февруари 2022 година.

Ова е одлична можност ако сакате новогодишниот и постновогодишниот период да го поминете надвор од границите на нашата држава. Понудата на дестинации и цени проверете ги на официјалниот сајт на авиокомпанијата.