Организираниот криминал е присутен во секоја држава во светот, некаде помалку, некаде повеќе изразен, од најмалите островски земји до најголемите економски суперсили и е основен двигател на големи геополитички предизвици, како: конфликти, политичка нестабилност и присилна миграција.
GL – Global Initiative against transnation organized crime изработи Голбален индекс за организиран криминал, кој оценува 193 држави – членки на ОН. Листата е направена според две метрики: според криминалност со оценка од 1 до 10 (најниско до највисоко ниво на криминал) и според нивната отпорност кон организираниот криминал – од 1 до 10 (најниско до највисоко ниво на отпорност). За изработка на оваа листа потребни им биле две години, при што биле вклучени над 350 експерти од секаде на светот и многу други независни новинари, академици и истражувачи.
На европско ниво на оваа непопуларна листа првото место го завзема Турција, а по неа следат Русија и Србија. Македонија не заостанува многу, со тоа што се наоѓа на 12-то место од вкупно 46 држави.
Листата може да ја погледнете овде: