Антарктик – континетот кој се наоѓа околу Јужниот пол на Земјата е најстуденото и најизолираното место на оваа планета, каде Сонцето изгрева само еднаш годишно. Сепак, на него престојуваат експедиции со по околу 40-тина луѓе, кои го истражуваат потеклото на Унивезумот, аурорите и неутрините.
Неколку луѓе кои се моментално на Антарктикот во Amundsen – Scott South Pole Station, споделија видео со одговори на прашањата кои најчесто им ги поставуваат, како на пример: Во какви објекти се сместени, за колку минути се замрзнува чаша со вода на -70 Целзиусови степени, каде го фрлаат ѓубрето кое не смеат да го остават на овој континент, дали им недостасува нормалниот начин на живот и дали се чувствуваат изолирано?
Одговорите погледнете ги во видеото:
Во станицата каде се сместени, обезбедени се со сите потребни намирници за нормално фунционирање, имаат и сала за вежбање, кошаркарско игралиште, изгралиште за одбојка, соба за музика со музички инструменти, кино-просторија за неделно гледање на филмови, соба за рачни изработки, како и затворена градина во која одгледуваат различни видови на зеленчук.
Една од истражувачите, Antionette сподели дека пријателството помеѓу сите луѓе таму, обврските и занимациите во станицата не и’ оставаат време за размислување колку е изолирана од останатиот дел од светот. А, престојот во станицата на Антартика секако е едно од најнесекојдневните и незаборавни животни искуства.