И оваа година, туристи од над 190 држави во светот гласаа за најдобра европска дестинација за 2021 на изборот организиран од страна на “European Best Destinations”
На овогодинешниот избор првото место го завзема Португалскиот Рим, третиот по големина град во Португалија – Брага.
Најдобрата европска дестинација за 2021 има да понуди за секого по нешто. Градот е богат со историја и архитектура, со раскошни цркви и манастири, со ресторани со одлична храна, а исто така во Барга се наоѓа и еден од најголемите европски трговски центри.
Барга се наоѓа и во врвот на топ листата на најсреќни градови во Европа и е еден од градовите со најдобар квалитет на живот во светски рамки. Исто така, Барга е и најдобра европска дестинација за инвестирање.
Се внимава градот да се заштити од загадување, при што е дел од мрежата на градови со нулта емисија на CO2.
Претставен како град за семејства, за романтичен или духовен одмор, за посета на историски споменици, за шопинг или за гастрономски одмор, Барга може да се посети во текот на целата година. Најблизок аеродром е аеродромот во Порто, оддалечен само 35 минути возење со автомобил или 1 час и 30 минути возење со јавен превоз.
Топ 10 листата на најдобри европски дестинации за 2021 продолжува со:
2. Рим, Италија
3. Цавтат, Хрватска
4. Фиренца, Италија
5. Сибиу, Романија
6. Париз, Франција
7. Кефалонија, Грција
8. Котор, Црна Гора
9. Долината на реката Соча, Словенија
10. Канарски острови, Шпанија
Искористете ја оваа топ листа како препорака и инспирација за ваше наредно патување во европска дестинација.