Photo: Eathan Mcarthur/Unsplash

Авиокомпаниите се едни од најпогодените од пандемијата на Covid-19, па мораат да се прилагодуваат на новонастанатата ситуација насекаде во светот, во зависност од рестрикциите кои ги има во секоја држава.

Па така, за да привлeчат поголем број на патници, европските нискобуџетни авиокомпании решија да ги намалат цените на авионските карти до Декември 2020. Најголемо намалување на цените има за летови од четирите најголеми европски пазари – Франција, Германија, Холандија и Велика Британија, со намалени цени кон дестинациите во Грција, Италија, Португалија и Шпанија.

Photo: Suhyeon Choi/Unsplash

Аналитичката агенција ForwardКeys направи анализа на европската авијација од изминатово лето и забележа дека најповолни понуди за летови имало од Велика Британија кон Грција, за 35 центи под нивото од 2019 година. Исто така, поволни понуди – околу 25 центи под стандардната цена имало за летови од Велика Британија кон Италија, Шпанија и од Германија кон Грција и Португалија.

Најпребарувани дестинации во Европа за последните четири месеци од 2020 се:

  1. Тенерифе
  2. Аликанте
  3. Ланзароте
  4. Амстердам
  5. Канарски острови

А, најпребарувани дестинации во Европа за првата четвртина од 2021 година се:

  1. Тенерифе
  2. Лисабон
  3. Аликанте
  4. Ланзароте
  5. Париз

Заклучокот е дека луѓето сакаат да патуваат, но не сакаат нивните планови за патување да бидат дополнително искомплицирани со задолжителен карантин и намален број на дневни летови.

Целoсната анализа на ForwardКeys може да ја прочитате овде:

Travel this Summer in Europe – What did we learn?