Минатиот месец беше вратен на листа на летови моментално најдолгиот, директен авионски лет од Сингапур,Малезија до аеродромот во Њуварк, Њујорк , на авиокомпанијата “Singapore airlines. Летот трае 18 часа и 45 мин, за кое време авионот прелетува 15.348 км. Редовната линија на овој лет беше прекината пред 5 години како неисплатлива.
Втор по должина директен авионски лет е редовниот лет на “Qatar airways” од Доха, Катар до Оукленд , Нов Зеланд кој трае 17 часа и 40 минути, за кое време прелетува 14.535 км.
Трет по должина директен авионски лет е редовната линија на “Quantas” од Лондон, Велика Британија до Перт, Австралија кој трае 17 часа и 20 минути, а за тоа време прелетува 14.499 км.