По завршување на фудбалскиот меч Македонија – Грузија и квалификувањето на нашиот тим на Европското првенство кое ќе се одржи наредното лето, на Интернет се појави нова карта на Европа, на која се обележани сите европски земји кои ќе учествуваат на Еуро 2020.
Македонија е осамена на картата во сина боја, бидејќи никоја од соседните држави не се квалификува на ова првенство, што случајно се погоди со моменталната ситуација со пандемијата од Covid-19, па на мапата пишува: “Македонија правилно практикува социјално дистанцирање”. 🙂
Ниту еден од нашите соседи: Србија, Албанија, Грција, Бугарија и Косово не се квалификува на Еуро, како ни малку поодалечените држави: Црна Гора, БиХ, Романија и Молдавија. Најблиска држава до нас која ќе учествува на Еуро 2020 е Хрватска.
Не знаеме кој е автор на оваа карта, но многу убаво не’ развесели.
Им честитаме на нашите фудбалери и им посакуваме да не’ израдуваат со победи и на Европското првенство, каде првите два натпревари од групната фаза ги играат во Букурешт, Романија (на 13.06.2021 против селекцијата на Австрија и на 17.06.2021 против селекцијата на Украина), а третиот натпревар го играат во Амстердам, Холандија (на 21.06.2021 против селекцијата на Холандија).
Во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата со Covid-19, ако не се смени нешто од планираното за Еуро 2020 – да ве потсетиме дека веќе не е рано да се планира пат и да се резервира престој во овие два града, како би можеле во живо да проследите некој од 3-те натпревари за да ги бодрите нашите фудбалери.