Започнувајќи најдоцна од 10-ти Ноември ќе може да патуваме во Србија без прикажување на негативен ПЦР тест на граница.
Српскиот Б92 пренесува изјава на Претседателот на Србија Александар Вучиќ кој изјавил дека на видео состанокот за “Мал шенген” одржан вчера (30.Октомври) со Премиерите на Северна Македонија и Албанија – Зоран Заев и Еди Рама, донеле неколку важни одлуки меѓу која е и оваа – за патување од една во друга од трите држави без ПЦР тест најдоцна од 10-ти Ноември.
Исто така, разговарале и за тоа како овие три држави да си помогнат во лечење на пациенти заболени од Covid-19, да може во Србија да се примаат пациенти од Скопје и Тирана и обратно, за што во наредните денови министрите за здравство на трите држави треба да формулираат договор.
Од македонската Влада дадоа соопштение дека одлуката за отворени граници ќе стартува веќе од понеделник: “Тројцата лидери се согласија за отворени граници без ПЦР тестови почнувајќи од понеделник (02.11.2020 година).”