Photo: Markus Winkler/Unsplash

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air денеска објави дека воведува неколку нови дестинации од Јули, меѓу кои е и една од Скопје.

Започнувајќи од 20-ти Јули Wizz Air ќе лета од Салцбург, Австрија до: Скопје, Киев, Ларнака, Букурешт, Белград и Тузла.

Овие летови ќе се одвиваат двапати неделно, со авион Airbus 320.

Исто така, директорот на авиокомпанијата Јозеф Варади изјави дека иако е намален авионскиот сообраќај, заради пандемијата од Covid-19, нема да затворат ниту една рута и база, туку само ќе биде намалена фреквенцијата на летови на одредени линии.

Истакна и дека имаат порачка за нови авиони, до Јуни ќе имаат 22 нови авиони, со кои се зголемува Wizz Air флотата и ќе имаат можност за воведување на нови рути и бази.