Домино Парк (Domino Park) во Бруклин, Њујорк направи едноставно и паметно решение за да им овозможи на граѓаните безбедна посета на паркот, а притоа да се почитува протоколот за социјално дистанцирање.
Паркот нацрта кругови на земја, кои се оддалечени по два метра еден од друг круг, а во секој круг има доволно место за семејство или пар. Па вака Њујорчани може да уживаат на отворено во летното сонце и повисоките температури, а притоа да се чувствуваат сигурни.
Чуварите на паркот се грижат дали овие мерки се почитуваат и при тоа делат заштитни маски на оние посетители на кои им се потребни, иако повеќето од посетителите сами си носат маски.
Инаку, Њујорк започна постепено отварање минатиот петок, откако владиниот генерал Ендру Куомо објави дека САД ќе им овозможи на бизнисите со низок ризик да отворат и започнат со работа на отворено.