Луксембург – најмалата земја членка на ЕУ, од 1-ви Март 2020 година стана прва земја во светот со целосно бесплатен јавен превоз. Ова е овозможено откако завршиле со инвестиции во урбаниот градски транспорт, пред се’ со изградба на добра трамвајска мрежа.
Во оваа земја најчесто превозно средство се автомобилите, со кои повеќе од 200.000 луѓе секојдневно доаѓаат на работа во Луксембург од соседните земји: Германија, Белгија и Франција, при што се создаваат гужви во сообраќајот во ударните часови во текот на денот, па со бесплатниот јавен превоз се надеваат дека овие гужви ќе се намалат.
Инаку, Луксембург е планинска земја и се протега на вкупна површина од 2.586 км2, со околу 500.000 жители. Главниот град – Луксембург е и најголем град и во него живеат околу 90.000 жители. 40 % од населението се странци , од кои во најголем број се Португалци. Се зборуваат три официјални јазици: луксембуршки, германски и француски. Климата е континентална, со студени зими и умерено топли лета.
Во продолжение неколку фотографии кои може ќе ве поттикнат да ја посетите оваа мала, зелена земја.