Photo: John Schnobrich from Unsplash.com

Без разлика дали ви е потребна авионска карта во еден правец, повратна карта или пак конекција со повеќе летови до конечната дестинација, најдобро е да разгледате повеќе опции пред ја купите. На Интернет има многу сајтови за пребарување и купување авионски карти, но бидете внимателни, бидејќи има многу лажни и некоректни страни.

Ова се 6 најдобри сајтови за пребарување на евтини авионски карти:

1. Skyscanner.net – Ги содржи скоро сите авиокомпании кои постојат, при пребарување може да изберете со која компанија сакате да летате, дали сакате директен лет или со менување на повеќе авиони до крајната дестинација, време на полетување итн:

https://www.skyscanner.net/

2. Expedia.com – Исто како и Skyscanner, ги содржи скоро сите авиокомпании кои постојат, а со опцијата “Show flexible dates” има преглед во кои денови се најевтини авионските карти:

https://www.expedia.com/Flights

3. Momondo.com – Според резултати од истражување за пребарување на  најисплатливи понуди, на овој сајт имате 95% шанса да најдете најдобра понуда за патување:

https://www.momondo.com/

4. Kayak.ieНа овој сајт има корисна опција “Our Advicе” со која сајтот ве советува дали да купите авионска карта во моментот кога пребарувате или некој ден подоцна, можеби да почекате одреден период, во зависност од тоа дали цената на картите ќе биде пониска или повисока во наредните 7 дена, водејќи се според калкулации на софтверот:

https://www.kayak.ie/?ispredir=true

5. Google Flights Едноставен пребарувач кој во календар ќе ви даде цена на авионски карти, според кој може да ја одберете најевтината опција:

https://www.google.com/travel/flights

6. Kiwi.com Ако планирате патување со посета на повеќе дестинации, тогаш со внесување на местата кои имате во план да ги посетите и број на планирани ноќевања во секое место, со впишан буџет, овој сајт ќе ви понуди опции за она што го барате:

https://www.kiwi.com/en/

Ви посакуваме пријатен лет!