Photo: Kevin Hackert/Unsplash

“Turkish Airlines” започна со обновување на своите летови на одделни дестинации и претстави мерки за заштита од ширење на Covid-19 на аеродромот во Истанбул и во авионите.

Главниот извршен директор на оваа авиокомпанија, Илкер Ајчи соопшти дека иако се соочуваат со намален авиосообраќај, нема да отпуштаат вработени до крајот на 2021 година.

Јас не ги сметам 2020 и 2021 година како години на профитабилност, туку години на заштита на вработените. Наша цел е да ги заштитиме вработените до крајот на 2021 година. Наша работа е да се спротивставиме на отпуштањата колку што можеме. Авијациската индустрија се соочува со недостиг на квалификувани професионалци и наш најголем приоритет во овој момент е колку што е можно да ја задржиме нашата квалификувана работна сила.

Постојат дестинации за кои сметаме дека се непрофитабилни и каде побарувачката е под влијание на пандемијата на коронавирус. Ќе ги намалиме летовите на места каде побарувачката е намалена. Ќе ги зголемиме на места каде што побарувачката се зголемува. Во моментов не е во ред да се именуваат тие дестинации. Но, имаме предвидувања.”изјави Илкер Ајчи во интервју за еден медиум со седиште во Истанбул.

Photo: Kay/Unsplash

Авиокомпанијата има мрежа на летови која опфаќа 126 држави и 316 градови, што ja прави авиопревозник кој лета кон најголем број на држави од еден аеродром во светот.

„Turkish Airlines“ има 5.432 пилоти и 12.052 кабински екипаж, покрај 46.482 персонал во сите деловни единици и подружници, што ja прави една од најголемите работодавци меѓу европските авиокомпании. Како трета по големина авиокомпанија во Европа, во нејзината флота има и 360 авиони.