Photo: Trevor Cole/Unsplash

Додека цел свет ја обележува 2020 година како година на пандемијата од Covid-19, тоа не важи и за Етиопија.

Етиопија има 13 месеци во годината, од кои: 12 месеци имаат по 30 денови, додека 13-от месец има 5 (или 6 денови во престапна година). По Грегоријански календар, во Етиопија моментално е 2013 година.

Други интересни факти за Етиопија:

  • Етиопија е најстара независна држава во Африка.
  • Главниот град на Етиопија – Адис Абеба е највисок главен град во Африка.
  • Кафето го добило своето име по областа Kaffa во Етиопија. Се верува дека одгледувањето и пиењето на кафе започнало во IX-от век во Етиопија.
  • Етиопија никогаш не била колонизирана.
  • Етиопија е единствена земја во светот со 12 часовен систем.
  • Во Етиoпија 63% од населението се Христијани, додека Исламот е застапен со 34%.
  • Местото Далол во Етиопија е најжешко населено место на оваа планета.
  • Етиoпија се наоѓа на “рогот” на Африка.
  • Жители на село во близина на водопадот Синиот Нил разбираат и говорат српско-хрватски јазик. Ова е како последица на тоа што за време на Југославија многу југословени работеле на изградба на брана во тој дел на Етиопија и локалното население го научило јазикот.
Photo: Yonatan Tesfaye/Unsplash

Етипија нема развиен туризам, но секако има што да понуди на секој кој е заинтересиран да ја посети, а особено се живописни тамошните племиња: Мурси, Хамар и Каро.