Антипаксос, Грција Photo: Marina T Alamanou/Unsplash

Се наближува летото и оваа година за разлика од минатата, животот постепено се враќа во нормала, па и патувањата се со помали ограничувања. Сепак, постои скепса и одреден страв за безбедност при патувања, па затоа Организацијата European Best Destinations направи листа на најбезбедни острови во Европа за одмор во 2021 година.

При составување на листата земени се во предвид неколку фактори и тоа: мал број на заразени со Covid-19, постоечки мерки за спречување на ширење на вирусот и признавање на сертификат за вакцинираност.

Па така, на прво место на оваа листа се наоѓа островот Мадеира во Португалија, каде веќе се вакцинирани сите вработени во туристичката индустрија и каде се превземани строги здравствени протоколи во текот на пандемијата. На второ место е уште еден остров во Португалија – Порто Санто, а на трето место се наоѓа грчкиот остров Антипаксос.

Мадеира, Португалија Photo: Monika Guzikowska/Unsplash

Понатаму листата продолжува со:

4. Корво во Португалија

5. Крит во Грција

6. Флорес во Португалија

7. Малта

8. Крф во Грција

9. Ла Гомера во Шпанија

10. Корчула во Хрватска

11. Менорка во Шпанија

12. Кипар

Кој било остров да го одберете од наведените 12 за летен одмор оваа година – нема да згрешите.