Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air обнови летови од Скопје до 6 европски градови, започнувајќи од 30-ти мај оваа година.
Летовите за Бремен (Германија) се обновени со почеток од 30-ти мај, летовите за Будимпешта (Унгарија) и Малта повторно започнуваат од 1 јуни, летовите за Ваксјо (Шведска) од 2 јуни и за Болоња (Италија) од 3 јуни. Летовите на овие 6 линии ќе се одвиваат двапати неделно во текот на летната сезона.
Новововедената линија Скопје – Торино (Италија) започнува со сообраќање на 1 јуни.
Авионска карта за некоја од овие дестинации може да купите ОВДЕ.
Wizz Air во текот на летниот период планира да воведе и три нови линии од Скопје, а тоа најверојатно ќе бидат Прага (Чешка), Марибор (Словенија) и Сплит (Хрватска), како што известува магазинот Ex-Yu Aviation.