Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Како што најави, по добивање на тендерот на македонската влада за нови субвенционирани авиолинии од Скопје, нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air објави почеток на летовите од Скопје кон Салцбург, Австрија.

Летовите од Скопје кон Салцбург ќе започнат од 1 април 2024 и ќе се одвиваат трипати неделно.

Wizz Аir претходно доби тендер за државни субвенции за лансирање на четири нови линии од Скопје кон Љубљана, Луксембург, Салцбург и Штутгарт.

Во септември, превозникот започна со летови кон Љубљана, а за Луксембург летовите започнуваат на 18 декември, додека пак летовите кон Штутгарт допрва треба да се закажат.

Авионски карти за лет кон Салцбург може да се купат на веб страната на Wizz Air.