На денешната седница на Владата на Македонија, која започна во 15 часот донесена е одлука за отвoрање на границите и аеродромите на нашата држава од петок 26 јуни, без посебни протоколи, односно без PCR тестови и без каранти. – објави Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук. Одлуките се донесени по препорака на Комисијата за заразни болести.
„Од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Владата денеска донесе Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид”. – стои во соопштението на Спасовски.