Најмалиот хотел во светот има само 53 квадратни метри и е широк само 2,5 метри. Хотелот “Eh’Haeusl hotel” се наоѓа во Амберг, Германија, на 130 км оддалеченост од Минхен.
Името на хотелот значи “свадбена куќа”, па негови најчести гости се парови кои се на меден месец или парови кои одбележуваат годишнина од својот брак. Во хотелот може да престојуваат само 2 лица.
Оваа градба е стара 280 години, а како хотел функционира од 1977 година. Изграден е во времето кога во Германија постоел закон според кој паровите за да стапат во брак морале да поседуваат сопствен имот. Еден снаодлив пар тој проблем го надминал со тоа што решил да ја изгради оваа мала градба, помеѓу две постоечки поголеми куќи, при што помеѓу двата ѕида од двете куќи додале само покрив.
Во Гинисовата книга на рекорди овој објект е влезен во 2008 година како најмал хотел во светот.
Хотелот всушност е куќа на неколку нивоа и содржи: дневен престој со тв и камин, спална соба, тоалет, а на поткровјето има џакузи када.
Цената за престој во овој хотел изнесува 240 евра од ноќевање за двајца, со вклучен вкусен појадок.
Погледнете како изгледа внатрешноста на хотелот:
Луѓето задолжени за одржување на овој хотел велат дека парот кој престојувал во “Eh’Hausl hotel” останува заедно засекогаш. Не знаеме дали е точно ова тврдење, но секако дека е добра идеја за краток романтичен престој за двајца.